Единаесетмесечно девојче почина од топлотен удар откако била оставена заклучена во автомобил над три часа, додека родителите присуствувале на црковна миса. Несреќата се случила во Палм Беј, Флорида во неделата, 28 мај, кога температурата била 27 степени, но во вжештеното возило достигнала околу 38 степени.

Кога завршила мисата, родителите биле шокирани кога виделе дека нивната ќерка е во несвест.

Брза помош набрзо пристигнала на лице место и го пренела девојчето во локалната болница. Сепак, лекарите набрзо констатирале смрт на девојчето.

Полицијата се уште го истражува инцидентот и засега родителите не се уапсени.

Неколку дена пред оваа трагедија, едногодишно дете починало во Вашингтон откако било оставено во автомобил повеќе од девет часа, потсетува „Мирор“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.