Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА) алармира дека има индиции дека јавниот ред во Појасот Газа се распаѓа и оти банди ја крадат помошта за цивилите и ја препродаваат на црниот пазар.
Портпаролот на ОЦХА, Јенс Лерке изјави дека камионите што транспортираат хуманитарна помош често се запирани откако ќе ја преминат границата и се празнат, а потоа продуктите се појавуваат на црниот пазар.
Практично нема полиција во Појасот Газа, но според Ларке ОН ја отфрлиле можноста нивните конвои да бидат придружувани од вооружени стражари.
– ОН не функционираат така, нагласи Ларке.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.