Министрите за надворешни работи на Естонија, Латвија и Литванија денеска соопштија дека нема да присуствуваат на состанокот на Организацијата за европска безбедност и соработка в недела во Скопје поради очекуваното присуство на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Министрите одлучија да не присуствуваат на состанокот, имајќи предвид дека присуството на Лавров ризикува да го легитимира агресорот – Русија, како полноправна членка на нашата заедница на слободни нации“, се наведува во заедничката изјава на министрите на балтичките земји.

И украинските власти денеска најавија дека ќе го бојкотираат состанокот на ОБСЕ во Скопје поради присуството на Лавров.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ќе го бојкотира министерскиот состанок на ОБСЕ по одлуката да се дозволи учество на Лавров, изјави за AFP портпаролот на украинската дипломатија Олег Николенко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.