Литванија, Летонија и Естонија постигнале договор за ограничување на влезот на руски државјани кои пристигнуваат на нивните територии од Русија и Белорусија, соопштија нивните министри за надворешни работи.
Летонскиот министер Едгарс Ринкевичс, соопшти дека трите балтички држави треба да ја воведат забраната до средината на септември. Влезот ќе биде овозможен за оние кои патуваат од хуманитарни или семејни причини, за возачи на камиони и дипломати.
Во текот на изминатите неколку недели и месеци, драматично се зголемија преминувањата на руски државјани со шенген визи. Стана прашање на јавна безбедност, но и од морална и политичка природа – изјави Ринкевичс на прес-конференција во Литванија.
Директните летови меѓу Русија и ЕУ беа откажани по почетокот на руската инвазија на Украина во февруари, оставајќи им на Русите намалени опции за патување во Унијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.