По најавата на Финска дека ќе бара членство во НАТО уследија реакции од официјална Москва.
Рускиот заменик министер за надворешни работи Александат Грушко изјави дека Москва ќе преземе соодветни мерки ако НАТО распореди нуклеарни сили и инфраструктура во близина на границата со Русија.
Ќе биде потребно да се одговори … со преземање на соодветни мерки на внимателност кои ќе обезбедат одвраќање, истакна Грушко.
Тој додаде дека не гледа „реални“ причини“ зошто Финска и Шведска сакаат да ѝ се придружат на Северноатлантската алијанса …
Додека потпретседателот на Одборот за одбрана во Думата, Алексеј Жураљов истакна дека Русија може да ја збрише Финска од лицето на Земјата за десет секунди.
Тој и се закани и на Велика Британија, наведувајќи дека на руските нуклеарни проектили им треба три минути да стигнат до Островот.
Американците ќе направат се за да дојде до трета светска војна. Ќе се обидат да ја вовлечат цела Европа во конфликт со Русија, ќе се обидат да ја запалат ситуацијата во Азија и да размрдаат што е можно повеќе земји. Тоа ќе биде одличен начин за да се извлечат од внатрешната економска криза. За сите проблеми ќе ја обвинат војната, како што правеа во Првата и во Втората светска војна – наведе Жураљов.
На прашањето дали е можно Русија прва да нападне со атомска бомба, тој одговори: „Секако, но под услов ако се доведе во прашање самото постоење на Русија“.
Тој им се закани и на балтичките земји.
Ние дефинитивно не се плашиме од тие кикиритки држави. Тие се како смрдливи бубачки, ќе треба да се згазнат кога ќе биде нужно. Сега бубачките се мали и смрдливи – посочи Жураљов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.