Американскиот претседател Џо Бајден, се обрати на јавноста во САД поради несреќата која се случи во Балтимор, кога бродот „Дали“ удри во мостот „Френсис Скот Ки“, при што се сруши.

Бајден кажа дека се досега укажува дека станува збор за несреќа, а не за намерен чин.

Се до сега укажува дека ова беше страшна несреќа. Во овој момент немаме други индиции. Немаме други причини да веруваме дека постои било каков намерен чин, кажа Бајден кој напомена дека мостот ќе биде обновен.

Шест лица се водат како исчезнати откако бродот удри во мостот. Челниците на Балтимор кажаа дека најмалку седум возила со дваесетина лица паднале од мостот при ударот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.