Американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон со кој се овозможува забрзување на испраќањето воена опрема во Украина, со што повторно се активира законот од Втората светска војна.

Украинците секој ден се борат за своите животи, рече Бајден во Овалната соба, додавајќи дека „таа борба е скапа, но попуштањето пред агресијата би било уште поскапо“.

Потпишаниот документ, „Закон за заем за одбрана на демократијата на Украина од 2022 година“, се заснова на програма од Втората светска војна, чија цел беше да и помогне на Европа да се спротивстави на Хитлер.

Тој беше поддржан од речиси сите претставници во Конгресот, освен десетмина од Претставничкиот дом кои гласаа против, се вели во соопштението на Белата куќа.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, администрацијата на Бајден му испрати на Киев воена помош од околу 3,8 милијарди долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.