Американскиот претседател Џо Бајден го искористи настанот за да се потсмева на републиканскиот ривал Доналд Трамп за неговата незрелост, се пошегува на сметка на сопствената старост пред новинарите во Вашингтон.

„Да, возраста е проблем. Јас сум возрасен маж, се натпреварувам против 6-годишно дете“, се пошегува Бајден.

81-годишниот Бајден подоцна додаде за поранешниот претседател Трамп (77): „Годините се единственото нешто што ни е заедничко. Мојата потпретседателка всушност ме поддржува“.

Поранешниот американски претседател Трамп не ја ужива поддршката од неговиот потпретседател Мајк Пенс.

Демонстранти држејќи транспаренти пред хотелот Вашингтон Хилтон, местото каде се одржуваше годишната вечера, извикуваа за смртта на новинарите во Газа.

Стотици демонстранти ги повикаа новинарите да го бојкотираат настанот и скандираа против официјалните лица при влегувањето.

Бајден ги избегна големите протести пред хотелот со пристигнувањето преку задниот влез, каде што го пречекаа помали групи демонстранти кои повикуваа на примирје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.