Американскиот претседател Џо Бајден пристигна со воз во ненајавена посета на Киев.Престојот од безбедносни причини бил покриен во тајност. Претседателскиот авион вчера во текот на ноќта ја напуштил воздухопловната база Ендрјус во Мериленд. На новинарите кои го придружуваа не им беше дозволено да понесат опрема.

Патувањето не беше објавено во јавниот распоред на Бајден, а претставници на Белата куќа постојано повторуваа во текот на изминатата недела дека посетата на Украина не доаѓа предвид.

Њујорк тајмс“ пишува дека Бајден во Киев пристигнал со воз. Возењето од полската граница до Киев траело неколку часа. 

Бајден пристигна во Киев во 8 часот по локално време, а беше пречекан од американската амбасадорка во Украина, Бриџит Бринк. Контролата пристигна во палатата Марински, официјалната резиденција на украинскиот претседател, нешто по 8:30 часот по локално време. Тој беше пречекан од претседателот на Украина Володимир Зеленски и неговата сопруга Олена Зеленска.

Додека Џо Бајден одеше по улиците на Киев, звукот на сирените за воздушен напад одекнуваше низ  градот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.