Претседателот на САД, Џо Бајден упати апел до Американците да се вакцинираат против Ковид-19 бидејќи се очекува дополнително зголемување на бројот на новозаболени поради Омикрон сој.
Бајден истакна дека сојот Омикрон е „многу позаразен“, но оти граѓаните можат да се заштитат.
Вакцинирајте се. Примете дополнителна доза. Носете маска во јавност – истакна Бајден.
Во САД бројот на инфекции е зголемен и регистрирани се по речиси 500.0000 новозаболени лица дневно. На крајот на ноември имаше околу 100.000 потврдени случаи дневно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.