Американскиот претседател Џо Бајден в среда ќе пристигне во посета на Израел на разговори со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и јасно ќе стави до знаење дека еврејската држава има право да се брани, објави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Тој додаде дека по опсежните разговори со Нетанјаху, Бајден ќе ја потврди солидарноста на САД со Израел.
Израел се закани дека ќе ја уништи групата Хамас што владее со Газа, откако борците на групата го нападнаа Израел на 7 октомври, при што загинаа над 1.300 луѓе, главно цивили.
Бајден јасно ќе каже дека „Израел има право, па дури и обврска да го заштити својот народ од Хамас и другите терористи и да спречи идни напади“, изјави Блинкен по повеќечасовните разговори со израелската воена влада во Тел Авив. За време на средбата, тој бил принуден да се крие во бункер пет минути кога се огласиле сирените.
Блинкен рече дека Израел ќе го информира Бајден за своите воени цели и како ќе ги спроведе операциите.
-САД и Израел се согласија да развијат план кој ќе овозможи испорака на хуманитарна помош од земјите донатори и мултилатералните организации да допрат до цивилното население во Газа, рече Блинкен.
По посетата на Израел, Бајден ќе го посети Јордан, каде што ќе се сретне со јорданскиот крал Абдула Втори, египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и претседателот на палестинската управа Махмуд Абас, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.