Се уште постои голема можност за руски напад врз Украина, нагласи денеска американскиот претседател Џо Бајден во изјава во врска со руско-украинската криза.

Тој додаде дека САД и партнерите ќе „продолжат со дипломатија“ со Русија.

Бајден рече дека САД се „подготвени за што и да се случи“, во изјавата за руско-украинската криза.

„САД се подготвени, што и да се случи. Ние сме подготвени со дипломатија, да се вклучиме во дипломатија со Русија и нашите сојузници и партнери за да ја подобриме стабилноста и безбедноста во Европа како целина. И ние сме подготвени одлучно да одговориме на руски напад за Украина, што се уште е голема можност. Сите настани од последните неколку недели и месеци, тоа беше нашиот пристап и останува наш пристап сега“, рече претседателот на САД



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.