Американскиот претседател Џо Бајден за денеска свика состанок на Советот за национална безбедност на Белата куќа поради ситуацијата во Украина, стои во соопштение за печат објавено од портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.
Утре претседателот ќе свика состанок на Советот за национална безбедност за ситуацијата во Украина, информира таа.
Претседателот Бајден продолжува да ја следи ситуацијата во Украина што се развива и редовно се информира за случувањата на терен од неговиот тим за национална безбедност. Тие потврдија дека Русија може да изврши напад против Украина во секое време, се додава во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.