Американскиот претседател Џозеф Бајден соопшти дека тој и неговата сопруга Џил биле шокирани од нападот врз писателот Салман Ружди.

Бајден рекол дека Ружди, со неговиот увид во човештвото, неспоредливото чувство за раскажување приказни и одбивањето да биде заплашен или замолчен, е симбол на суштински, универзални идеи.

„Вистина. Храброст. Отпор. Способност да споделувате идеи без страв. Ова се основните столбови на секое слободно и отворено општество“, рекол Бајден во изјавата, пренесува АП.

Ружди беше нападнат на сцената за време на трибина во Њујорк, а осомничениот за обид за убиство и напад Хади Матар, го прободе неколку пати во вратот и стомакот, јавија агенциите. Писателот се здобил со сериозни повреди и се наоѓа во болница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.