Aмериканскиот претседател Џо Бајден изјави дека евентуалната руска инвазија врз Украина би можела да биде „најголемата инвазија“ од Втората светска војна, со оглед на масовното воено присуство на Русија во близина на украинската граница.

Таков настан може да го промени светот – изјави американскиот претседател.

Бајден предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин „продолжува да распоредува војници долж украинската граница од Белорусија“.

На прашањето дали ќе размисли за преземање на необичниот чекор за воведување санкции директно врз Путин доколку Русија ја нападне Украина, Бајден одговори потврдно. Тој истакна дека во Украина нема да бидат распоредени американски трупи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.