Американскиот претседател Џо Бајден, во изјава за американскиот магазин „Пипл“, првпат јавно призна дека има седмо внуче.
Четиригодишното девојче е дете на неговиот син Хантер Бајден, кој во јуни ја реши долготрајната битка за алиментација.
Ова не е политичко прашање, тоа е семејно прашање. Џил и јас го сакаме само најдоброто за сите наши внуци, вклучувајќи ја и Нејви“, рече Бајден.
Претседателот истакна дека неговиот син Хантер контактира со мајката на детето за да поттикне врска која е „во најдобар интерес на нивната ќерка, одржувајќи колку што е можно поголема приватност“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.