Американските специјални сили го убиле лидерот на Исламската држава во Сирија, изјави денеска американскиот претседател Џозеф Бајден.
Синоќа, по моја наредба, американските воени сили во северозападна Сирија успешно презедоа антитерористичка операција со цел да го заштитат американскиот народ и нашите сојузници и да го направат светот побезбедно место. Благодарение на вештината и храброста на нашите вооружени сили, го отстранивме Абу Ибрахим ал Хашими ал Курајши од бојното поле – рече Бајден, цитиран од Ројтерс.
Тој додаде дека сите Американци кои учествувале во оваа операција се вратиле безбедно.
Изјавата на Бајден дојде неколку часа откако Пентагон потврди рација насочена кон куќа во селото Атмех во сириската провинција Идлиб, во близина на турската граница. Локалните жители изјавиле дека неколку хеликоптери учествувале во операцијата и дека се слушнале експлозии и пукотници од митралези
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.