Американскиот претседател Џо Бајден денеска доби негативен тест за Ковид-19, објави Белата куќа.
Тој ќе остане во изолација до вториот негативен тест, изјави неговиот лекар Кевин О’Конор. – Претседателот и натаму се чувствува многу добро, рече тој.
Бајден беше позитивен на тестот за првпат на 21 јули. Имал благи симптоми на болеста и за неколку дена бил негативен. Потоа, на 30 јули, тој повторно беше позитивен на тестот.
Најден е изолиран во Белата куќа веќе една недела, но наскоро треба да продолжи со патувањата. Најавена е посета на Кентаки, сојузна држава погодена од големи поплави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.