Американскиот претседател Џозеф Бајден не бил однапред известен за рацијата во домот на поранешниот претседател Доналд Трамп на Флорида, објави Белата куќа, нагласувајќи дека Министерството за правда спроведува независна истрага.

– Претседателот не бил информиран, ниту некој во Белата куќа знаел за тоа, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.

Поранешниот американски претседател Трамп изјави дека агенти на ФБИ извршиле рација во неговиот имот во Мар-а-Лаго на Флорида и дека за време на претресот го обиле и сефот.

Според два извора запознати со ситуацијата, ФБИ ја пребарале резиденција та на Трамп врз основа на налог како дел од истрагата за можното незаконско отстранување и уништување на документите на Белата куќа по неговото претседателствување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.