Американскиот претседател Џозеф Бајден не ја отфрлa можноста Украина да мора да отстапи дел од својата територија на Русија за да ја заврши војната со Москва, оценува „Њујорк пост“, повикувајќи се на изјава на американскиот претседател.
Њујоршкиот весник го пренесува обраќањето на Бајден, при што новинарот го прашал „дали Украина ќе мора да даде дел од територијата за да се постигне мир“.
Од почетокот реков и секогаш ќе кажам, а нема сите да се согласат со мене: ништо за Украина не е возможно без Украина. Тоа е нивна територија. Нема да им кажам што да прават или да не прават – изјавил Бајден. .
Сепак, Бајден додадл дека „му се чини дека во одреден момент мирот ќе мора да се договори преку преговори“.
И не знам што значи тоа. Не знам дали некој знае во овој момент. Во меѓувреме, ќе продолжиме да ја туркаме Украина во позиција каде што ќе може да се брани – изјавил Бајден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.