Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе предложи огромен пакет од 33 милијарди долари за вооружување и поддршка на Украина во нејзината војна против Русија, како и користење на луксузни средства одземени од руските олигарси за да се компензира на погодената држава.

Најголемиот дел од предложениот пакет од 33 милијарди долари ќе биде – „20 милијарди долари воена и друга безбедносна помош. Тоа значи дека оружје и муниција треба да  дојдат до украинскиот народ“, изјави висок американски функционер.

Дополнителна економска помош од 8,5 милијарди долари „ќе и помогне на владата на Украина да одговори на непосредната криза“, додека околу 3 милијарди долари се предложени за финансирање хуманитарна помош и справување со глобалниот шок за цените на снабдувањето со храна.

Предложениот пакет вклучува и финансирање за справување со економските нарушувања во САД и на други места, кои се движат од влијанието врз снабдувањето со храна до достапноста на критичните компоненти што се користат во производството на висока технологија.

Конгресот треба да го одобри барањето и додека и републиканците и Демократската партија на Бајден сигнализираа дека сакаат да продолжат да ја поддржуваат Украина, неповрзаниот спор околу барањето на Бајден за милијарди долари ново финансирање за пандемијата со Ковид-19 се заканува да го комплицира процесот на одобрување, јавија американски медиуми. з



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.