Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека Кина е „темпирана бомба“, наведувајќи ги економските проблеми и стареењето на работната сила.

„Кина е темпирана бомба по многу основи“, рече Бајден за време на посетата на американската сојузна држава Јута, во западниот дел на САД.

Бајден рече дека Кина има висока стапка на невработеност и дека нејзината работна сила старее. Затоа, како што додаде, „Кина е во тешкотии“.

Американскиот претседател смета дека тоа е причина за загриженост, бидејќи кога „лошите луѓе имаат проблеми, тие прават лоши работи“.

Сепак, Бајден вчера даде гаранции дека се обидува да одржува „рационални односи со Кина“.

„Не и посакувам ништо лошо на Кина, со серија посети на високи американски претставници на Пекинг, вклучувајќи го и министерот за надворешни работи Ентони Блинкен“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.