Секој потег на Израел повторно да го окупира Појасот Газа би бил „голема грешка“, рече американскиот претседател Џо Бајден во интервју за Си-Би-Ес, додека израелските трупи се подготвуваат за копнена инвазија.
Израел, барајќи одмазда за нападот на Хамас на 7 октомври и објави војна на милитантната група, започнувајќи немилосрдна кампања за бомбардирање и предупредувајќи повеќе од еден милион луѓе во северниот дел на Газа да се преселат на југ.
Запрашан за поддршка на каква било окупација на Газа од американскиот сојузник, Бајден одговори дека „тоа би било голема грешка“.
Хамас не го претставува целиот палестински народ…Но, инвазијата и протерување на екстремистите е неопходен услов, додаде тој.
На прашањето дали Хамас, кого Бајден го опиша како „куп кукавици“, мора целосно да се елиминира, тој одговори: „Да“.
Но, треба да има палестинска власт. Треба да постои пат до палестинска држава, продолжи тој, повторувајќи го долгогодишниот повик на САД за решение со две држави.
Американскиот претседател беше запрашан и за тоа дали може да предвиди американски војници да се приклучат на војната.
Мислам дека тоа не е неопходно. Израел има една од најдобрите борбени сили. Гарантирам дека ќе им обезбедиме се што им треба, одговори Бајден.
САД веќе распоредија два носачи на авиони во источниот Медитеран како дел од изразување поддршка за Израел.
Во нападот на Хамас загинаа повеќе од 1.400 луѓе, од кои повеќето цивили.
Одмаздничките напади на Израел во деновите оттогаш срамнија со земја населби и убија најмалку 2.670 луѓе во Газа, најголем дел обични Палестинци.
Израел се соочи со сериозни предупредувања за Газа, хуманитарните групи предупредуваат за хуманитарна катастрофа и се зголемија стравувањата од ескалација на конфликтот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.