Американскиот претседател Џо Бајден е позитивен на Ковид, соопшти Белата куќа во средата (17.07), пренесува „Дојче веле“.
Бајден, кој е во предизборна кампања во Невада, мораше да откаже клучно обраќање во Унидос, конференција на латино-организација за граѓански права.
Тој е вакциниран и бустиран и има само благи симптоми, соопшти портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер додавајќи дека Бајден ќе ги извршува претседателските обврски од неговиот дом во Делавер.
Качувајќи се во претседателскиот авион, Бајден на заминување на новинарите им рече дека „се чувствува добро“. Тој не носеше маска додека се качуваше во авионот, но ја носеше за време на летот. Неговиот лекар Кевин О’Конор изјави дека на Бајден му е препишан антивиралниот лек Паксловид и дека тој веќе ја примил првата доза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.