Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок на заедничката прес-конференција со нејзиниот турски колега Мевлут Чавушоглу во Истанбул имаше неколку недоразбирања за различни политички прашања, пишува Ројтерс.

Прес-конференцијата, која започна еден час подоцна од планираното, почна мирно, но дипломатите набргу почнаа да ги критикуваат политиките на нивните земји.

Чавушоглу ја обвини Германија дека ја изгубила својата непристрасност во посредувањето меѓу Турција, Грција и Кипар, додавајќи дека треба да ги слуша сите страни без предрасуди. Односите меѓу Атина и Анкара се доста бавни и тешки поради низа различни прашања.

„Третите страни во овие односи, како Германија, не треба да бидат провокатори и да ја шират пропагандата на Грција и грчката страна на Кипар, изјави тој.

Бербок на обвинувањата на Чавушоглу одговори дека со зголемување на тензиите не може да се решат овие прашања.

Таа потоа го сврте вниманието кон филантропот Кавала, кој беше осуден на доживотен затвор без условна слобода во април, под обвинение за финансирање на протестите „Гези“ низ целата земја во 2013 година, и ја повика Турција да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права.

„Моја одговорност како министерка за надворешни работи е да ги почитувам и бранам пресудите на ЕСЧП, без исклучок и во секое време“, рече таа, додавајќи дека Кавала треба да се ослободи.

ЕКЧП овој месец соопшти дека Турција не ја применила пресудата од 2019 година за Кавала, како дел од постапката за прекршување, поради која Анкара би можела да биде суспендирана од Советот на Европа, набљудувач на човековите права.

Чавушоглу на ова одговори велејќи дека Грција, Норвешка и Германија, исто така, не ги спровеле другите пресуди на ЕСЧП и ја обвини Германија дека го финансира Кавала.

„Зошто постојано го споменувате Осман Кавала? Затоа што го користите Осман Кавала против Турција. Знаеме колку беше финансиран за време на настаните во Гези“, рече Чавушоглу.

Чавушоглу, исто така, го критикуваше Берлин дека ги „прегрнува“ курдските милитанти. Бербок рече дека Германија, како и Европската унија, ја третираат Курдистанската работничка партија (ПКК), која водеше децениски бунт против Турција, како терористичка организација.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.