Израел потврди дека две заложнички заробени од Хамас на 7 октомври се пронајдени мртви.

Кармела Дан (80) и нејзината 12-годишна внука Ноја Дан биле фатени во Кибуц Нир Оз. Израел не соопшти каде се пронајдени телата.

– Ова прекрасно 12-годишно девојче со аутизам беше киднапирано од нејзиниот дом од терористите на Хамас и однесено во Газа. Ноја е чувствителна, љубезна, духовита и голем обожавател на Хари Потер – напишаа и ја поканија писателката Џ.К. Роулинг да им помогне да ја донесе нејзината приказна во јавноста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.