Свјатослав Паламар, Заменик командант на украинскиот нациоанлистички баталјон „Азов“ од Мариупол се пожали на недостаток на комуникација со политичарите кои претходно ја изразувале својата поддршка за оваа воена единица.

Паламар сними видео порака за ситуацијата во Мариупол, која беше објавена на Телеграм каналот на градскиот совет на Мариупол.

Тоа се политичари кои постојано велат „да, ги поддржуваме, со нив сме во постојан контакт“, но повеќе од две недели никој не крева телефон и никој со никого не комуницира – реагира Паламар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.