Британската полиција интервенираше рано утринава откако автомобил влетал во портите на Бакингемската палата.

Локалните медиуми јавуваат дека еден маж е уапсен.

Ставете ги рацете на главата! – На драматичната снимка се слушаат полицајци како викаат кон возачот.

Очевидец изјавил дека слушнал „силен тресок“ додека возилото се пробило низ портите на познатата кралска резиденција во центарот на Лондон.

Слушнав силен тресок и кога погледнав таму видов дека автомобилот влетал во Бакингемската палата, изјавуил тој очевидец, пренесува „Метро“.

„Дејли Мејл“ пренесува дека лондонската полиција потврдила дека против уапсениот е поднесена кривична пријава.

Околу 2 часот и 33 минути во ноќта меѓу саботата и неделата автомобил удрил во капијата на Бакингемската палата. Вооружени полицајци на лице место привеле лице осомничено за кривично дело. Тој е пренесен во болница, соопшти полицијата.

Во соопштението за медиумите се наведува дека „нема извештаи за повредени“.

Истрагата е во тек за утврдување на околностите, соопшти лондонската полиција



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.