Австрискиот канцелар Карл Нехамер соопшти денеска дека ќе предложи во Уставот на неговата земја да се додаде правото на граѓаните да користат готовина.
Се повеќе луѓе се загрижени дека готовината може да биде ограничена како средство за плаќање во Австрија. Луѓето во Австрија имаат право да користат готовина, се вели во соопштението.
Додека плаќањата со картички и по електронски пат стануваат се почести во многу европски земји, Австрија и соседна Германија остануваат релативно врзани за готовина.
Австриската Влада соопшти дека годишно од банкоматите во државата, која има околу 9,1 милион жители се повлекуваат 47 милијарди евра.
Заштита на правото на плаќање во готово беше барање на крајнодесничарската опозициска Партија на слободата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.