Домаќинствата во Австрија ќе ја плаќаат целата или најголем дел од потрошената електрична енергија по фиксна тарифа одредена од државата, соопшти денеска Владата во Виена.
Коалицијата, составена од централно десничарската Народна партија и Зелените, се договори за ограничување на цената на електричната енергија.
Се очекува мерката да чини четири милијарди евра, а просечно домаќинство за струја ќе плаќа околу 500 евра годишно помалку.
Парламентот треба да ја потврди мерката, што би требало да биде во сила од декември до средината на 2024 година.
Нето цената на електричната енергија ќе се ограничи на 10 центи за киловат час до годишна потрошувачка од 2.900 киловат часови.
Со тоа, како што тврди Владата, ќе се покрие околу 80 отсто од потрошувачката на просечно домаќинство. Дополнителна потрошувачка ќе мора да се плаќа по сегашната тарифа, што моментално изнесува 17 центи за киловат час.
Ограниченото ниво од 10 центи одговара на она што се наплаќаше пред наглиот пораст на цените поради нарушувања на пазарот за гас по руската инвазија врз Украина.
Владата најави и друго намалување на цената за струјата за големи семејства и за сиромашните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.