Австриската владејачка коалиција се согласи целосно да го запре снабдувањето на земјата со руски гас до 2027 година.
Одлуката е донесена во согласност со Брисел и има за цел „намалување на зависноста од увоз на руски енергенти за да се заштитат економијата и домаќинствата од нови ризици поврзани со цените и снабдувањето“.
Во документот се истакнува дека постепеното укинување на рускиот гас ќе биде дел од општата стратегија за трансформација на енергетскиот систем, земајќи ја предвид декарбонизацијата, сигурноста на снабдувањето и пристапноста за домаќинствата, претпријатијата и индустријата.
„Посебно внимание ќе се посвети на тоа домаќинствата и претпријатијата да добијат најдобра можна поддршка во оваа промена“, се додава во документот.
Сепак, останува нејасно како Виена ќе го постигне ова до 2027 година, со оглед на тоа што Социјалдемократската партија на Австрија (СПО), втора по големина партија во парламентот, неодамна го отфрли Законот за гас предложен од Зелените, а претходната влада го продолжи договорот со Гаспром до 2040 година.
Гаспром, некогаш главен снабдувач на ЕУ со гас, во последните месеци го зголеми увозот на природен гас во Европа за речиси една четвртина.
Нивото на извоз драматично опадна во 2022 година по западните санкции и саботажата на гасоводот „Северен тек“. Во меѓувреме, Русија ги пренасочи испораките на гас кон исток, зголемувајќи ја продажбата на Пекинг за речиси половина од тоа што беше испорачано пред 2022 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.