Со оглед на тоа што Австрија е првата земја во Европа што воведе задолжителна вакцинација за сите, во Виена беше објавено дека сите мерки за борба против ковид 19 ќе бидат суспендирани од 5 март.
На сила ќе остане само мерката за носење маски на одредени места, јавуваат австриските медиуми.
Како што претходно беше најавено, Владата заедно со гувернерите на провинциите треба да донесе одлука за натамошно олеснување на мерките со објаснување дека состојбата во болниците и покрај големиот број новозаразени, е стабилна.
Денеска учесниците на средбата сакаат да го прогласат 5 март за „Ден на слободата“, по примерот на Велика Британија.
Швајцарија од утре ги укинува сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење маски во јавен превоз. а претходно тоа го направија Шведска, Данска, Холандија….
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.