Австрија преку различни мерки, пред се преку диверзификација, значително ја намали зависноста од рускиот гас од досегашните 79 на 21 отсто, соопшти Министерството за енергетика на Австрија.

Според регулаторното тело „Е контрол“, уделот на рускиот гас во февруари изнесувал 79 отсто, а Австрија, како што се наведува во соопштението, успеала да ги замени испораките од Русија кои сега изнесуваат 21 отсто.

Така, Австрија изнајми 40 терават часови капацитет на гасовод за Германија и Италија.

Тоа и овозможи да увезува гас од Норвешка, како и течен природен гас и помали количини гас од Северна Африка и Централна Азија.

Направивме огромен чекор во ослободувањето од зависноста од рускиот гас, изјави министерката за енергетика Леоноре Гевеслер, која воедно им се заблагодари на граѓаните за заштедата на енергија.

Сè уште не сме стигнале до крајот на патот, да бидеме целосно независни, бидејќи ќе бидеме само кога ќе можеме целосно да се справиме без рускиот гас, објасни таа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.