Австрија во моментов не може да гласа за предлогот на Европската комисија за воведување ограничувања на цената на рускиот гас, соопшти Министерството за енергетика на Австрија по повод состанокот на министрите за енергетика на ЕУ.
Министерството соопшти дека се работи пред се за санкции, а не за енергетско политичко прашање.
Колку и да е болно, ние сепак сме зависни од рускиот гас – нагласува официјална Виена.
Министерството ги оценува првите предлози на Европската комисија како чекори во вистинска насока.
Министерката за енергетика, Леоноре Гевеслер, на средба со колегите од земјите членки на ЕУ ќе побара да се намали цената со паметни мерки за намалување на потрошувачката на струја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.