Австралија ќе потроши дополнителни 35 милиони долари во следните четири години за да ги заштити живеалиштата на коалите и на тој начин да се обиде да го зачува тој загрозен вид, соопшти владата во Канбера.

Овие животни се десеткувани од пожари, болести, а се проценува дека нивниот број се движи од околу 330.000 во дивината.

Коалите се една од најомилените и најпрепознатливите икони на Австралија. Ние сме посветени на нивно зачувување – изјави премиерот, Скот Морисон.

Истражување спроведено од Фондот за зачувување на дивиот свет проценува дека повеќе од 60.000 коали умнреле, биле повредени или на некој начин оштетени поради пожарите во 2019 и 2020 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.