Во Австралија денеска стапи на сила законот за забрана на нацистички поздрави, нацистички сувенири и прикажување или продажба на симболи поврзани со терористички групи.
-Сега е незаконски да се изведува нацистичкиот поздрав во јавност, како и продажбата на нацистички симболи, рече државниот обвинител Марк Драјфус.
Новиот закон, исто така, ги криминализира глорификацијата и славењето на терористичките акти, додаде Драјфус, истакнувајќи дека австралиското законодавство испраќа јасна порака дека во Австралија нема место за оние кои го величат Холокаустот или терористичките акти.
На 6 декември, австралискиот Парламент го прогласи за закон законодавниот амандман поврзан со антитероризмот (Забранети симболи на омраза и други мерки) со едногласна поддршка на претставниците.
Австралиската влада реагираше со овој закон на зголемувањето на антисемитските инциденти по избувнувањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.