Пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“ утре ќе штрајкуваат откако не успеаја да постигнат договор за платите со раководството.

Од нивниот синдикат, „Vereinigung Cockpit (ВЦ)“, соопштија дека преговорите за плата се прекинати и штрајкот ќе ги опфати пилотите во патничкиот и товарниот превоз на сите летови на „Луфтханза“ од Германија.

ВЦ, за повеќе од 5.000 пилоти, бара зголемување на платите за 5,5 отсто оваа година, а потоа раст усогласен со инфлацијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.