За време на меѓународна изложба за одбрана и безбедност во Саудиска Арабија – Светското одбранбено шоу 2024, рускиот национален концерн „Ростех“ се претстави со повеќе од 100 модерни оружја и воени системи.
„Ростех“ за прв пат на јавноста и го претстави системот против дронови „Серп-ВС6“ (Serp-VS6), а еден од главните експонати беше и модернизираниот транспортен авион Ил-76МД-90А – претходникот на Ил-76. Овој авион се карактеризира со тоа што опсегот на лет му е зголемен на четири илјади километри, а носивоста му е до 60 илјади тони.
Руската компанија ги претстави и најновите модели на борбени авиони Су-75 „шах мат“ и МиГ-35, за кои има голем интерес во земјите од Блискиот Исток.
Државната корпорација изложи различни примероци на оклопни возила, муниција и малокалибарско оружје. Сериозно внимание привлекоа новите автомати „Калашников“ и снајперската пушка „Чукавин“, а во Саудиска Арабија беше претставен и противвоздушниот систем „Панцир-С1М“.
Меѓународната изложба на оружје во Ријад го покажа развој на руската воена опрема, која во изминатите неколку години направи вистински скок напред во одбранбената индустрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.