Во тек е спасувачка операција откако американски воен авион со 23 маринци се урна кај северниот брег на Австралија.
Повредени се 23 американски маринци и правиме се што можеме за да ги однесеме на лекување во Дарвин. Петмина маринци веќе се во болница во Дарвин, а останатите останаа на островот Мелвил. Дополнителен полициски и воен персонал е распореден на островот Мелвил за да ја поддржи операцијата – рече полицискиот комесар Мајкл Марфи, пренесе „AБЦ Њус“.
Едно лице е во критична состојба, а две се во стабилна состојба, а нема извештаи за смртни случаи, јавуваат медиумите во Австралија.
Авионот „Osprey V-22“ се урна во близина на островот Мелвил, на околу 60 километри од австралискиот град Дарвин.
Австралиското Министерство за одбрана соопшти дека несреќата се случила за време на годишната вежба „Predator Run“ во која учествувале војските на Австралија, САД, Источен Тимор, Индонезија и Филипините.
Австралиските одбранбени сили (ADF) соопштија дека на авионит „Osprey“ немало австралиски персонал.
Во оваа критична рана фаза, нашиот фокус е да одговориме на инцидентот и да ги обезбедиме инволвираните – се вели во соопштението на „АДФ“.
САД и Австралија, клучните сојузници во Пацификот, ја зајакнаа воената соработка во последниве години поради Кина.
Четворица австралиски војници загинаа минатиот месец кога нивниот хеликоптер се урна во морето кај брегот на Квинсленд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.