Авион на романската национална авиокомпанија „Таром“ синоќа бил погоден од гром и морал да се врати на аеродромот во Букурешт, од каде што полетал, јавува ТВ Диги 24.

Веб-страницата Бординг-пас објави дека авионот „Таром“ полетал во 22:10 часот по романско (и бугарско) од аеродромот Отопени во Букурешт кон главниот град на Молдавија – Кишињев, но еден час подоцна на средината на патувањето, пилотите пријавиле дека морале да се вратат назад поради техничка неисправност предизвикана од удар на гром.

Вонредното слетување се случило без инциденти, а патниците биле качени во друг авион кој полетал половина час по полноќ, јави БТА.

Летот од Букурешт до Кишињев трае еден час и десет минути, објаснува Диги 24.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.