Аргентина го повика обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг да побара налог за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, пренесе ДПА.
По претседателските избори на 28 јули, кои беа нарушени со обвинувања за масовна гласачка измама, активностите преземени од владата на Мадуро може да претставуваат злосторство против човештвото, соопшти аргентинското Министерство за надворешни работи.
Оттаму додаваат дека дека Аргентина планира да изврши притисок за потерница против Мадуро и другите членови на неговата влада со официјално барање до судот во Хаг во понеделник.
Мадуро, кој е на власт од 2013 година, обезбеди трет мандат на изборите.
Опозицијата тврди дека победил нејзиниот кандидат, 75-годишниот поранешен дипломат Едмундо Гонзалес, кој има значителна поддршка од другите земји во регионот и од САД.
По гласањето, полицијата ги задуши насилните демонстранти против Мадуро. Невладината организација за права ПРОВЕА соопшти дека досега животот го загубиле 24 лица.
Канцеларијата на јавниот обвинител на Венецуела во понеделникот соопшти дека е издаден налог за апсење на Гонзалес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.