Aргентинскaтa министерка за надворешни работи, Дијана Мондино, порача дека Аргентина има намера да го врати целосниот суверенитет над Фолкландските Острови.
Следејќи го патот што го почнавме, преку конкретни акции, а не празна реторика, ќе го вратиме целосниот суверенитет над нашите Малвини (Фолкландските Острови)“, порача Мондино.
Велика Британија и Аргентина беа во војна за Фолкландските Острови во 1982 година, кога Бритнаците победија. Во 2013 година, жителите на островите гласаа на референдум за зачувување на статусот на британска прекуморска територија.
Прашањето за сопственоста на островите повторно почна да се разговара откако на власт во Аргентина дојде претседателот Хавиер Мајли, кој изјави дека ќе ја разгледа опцијата за нивно враќање по дипломатски пат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.