Апелацискиот суд во Њујорк денеска ја врати наредбата со која му забранува на Доналд Трамп да коментира за судскиот персонал во случајот против него за финансиска измама.

Судијата Артур Енгорон, кој постапува во овој случај, ја издаде наредбата на 3 октомври, откако Трамп објави понижувачки коментар на социјалните мрежи за судска службеничка.

Трамп, поранешен американски претседател кој сака повторно да биде републикански кандидат за таа функција, ја обжали одлуката на судијата Енгорон и таа беше привремено суспендирана додека Апелацискиот суд не одлучи по жалбата.

Таа денеска беше одбиена со одлука на четиричлениот совет на Апелацискиот суд, а наредбата е вратена по 15 дена суспензија.

Во спорната објава, Трамп изнел неосновани тврдења во врска со личниот живот на судска службеничка, а ги изнел веќе на вториот ден од судењето, иницирано по обвинението на главната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс.

По издавањето на наредбата, судијата Енгорон го казни Трамп со 15.000 долари за нејзино прекршување.

Адвокатите на Трамп го тужеа Енгорон за издавање на наредбата против Трамп, врз основа на федералната регулатива на Њујорк која дозволува под одредени услови да ги тужат судиите за одлуките што ги носат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.