Русија ќе се обиде да отвори нов фронт против Украина од Молдавија, пишува „Тајмс“ повикувајќи се на украински воени извори.

Еден извор вели дека има „број на индикатори“ кои укажуваат на напад во блиска иднина врз поранешната советска држава, која има само 3.250 војници во својата армија.

Успешното преземање ќе доведе до опасност од руските трупи за црноморското пристаниште Одеса од запад.

„Тајмс“, додава дека инвазијата врз поранешната советска република би можела да се случи на 9 мај. Според британското издание на „Тајмс“, рускиот претседател Владимир Путин, тогаш би можел да прогласи признавање на независноста на Придњестровско Молдавската Република.

Тоа би довело до реализација на „сценариото Донбас“ и би било непосредна закана за територијалниот интегритет на Молдавија, пишува весникот.

Според украинските разузнавачки извори, цитирани од „Тајмс“, веќе има активност на аеродромот во Тираспол, главниот град на меѓународно непризнатата Придњестровска Република. Тие велат дека е можно Русите да се обидуваат да ги префрлат своите војници во авионите ИЛ-86 кои полетуваат од Крим.

Во исто време, во главниот град на Молдавија Кишињев треба да се организираат немири и протести.

Британскиот весник пишува дека оваа информација не се совпаѓа со оценките на западните разузнавачки служби, кои сметаат дека Русија нема доволно безбедност за таа рута без ризик од соборување авиони во регионот на Одеса од страна на украинската противвоздушна одбрана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.