Словачкиот парламент денеска го одобри одбранбениот воен договор со САД.
Американските медиуми пренесуваат дека договорот за соработка во областа на одбраната е усвоен со 79 гласа „за“ наспроти 60 „против“ во 150-члениот парламент.
Договорот, наводно, и дозволува на американската војска во следните 10 години да може да користи две словачки воздухополовни бази, додека ова земја членка на НАТО ќе добие 100 милиони долари од САД за нивна модернизација.
Договорот беше потпишан во вашингтон на 3 февруари од американскиот државен секретар Ентони Блинкен и словачкиот министер за одбрана Јарослав Наѓ, а останува уште да биде ратификуван и од претседателката Зузана Чапутова.
Владата на премиерот Едуард Хегер го поддржа потпишувањето на договорот, за кој рече дека „значително ќе ја подобри нашата безбедност“.
Опозицијата се противи на овој договор и тврди дека тој може да го загрози суверенитетот на земјата, како и да овозможи постојано присуство на американски војници на територијата на Словачка.
Илјадници граѓани се собраа пред зградата на Собранието додека пратениците расправаа за договорот.
Од друга страна, словачката и американската влада ги отфрлија ваквите обвинувања.
-Ништо во денешниот договор не укажува на создавање постојани американски бази или присуство на војници во Словачка, а договорот целосно ги почитува суверенитетот и законите на Словачка, рече Блинкен за време на церемонијата на потпишување во Стејт департментот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.