Американските разузнавачки агенции соопштија дека членовите на украинската влада го одобриле бомбашкиот напад во кој загина Дарија Дугина и стравуваат дека таквите тајни напади би можеле да го прошират конфликтот со Русија, пишува „Њујорк Тајмс“.

Официјални лица велат дека САД не учествувале, ниту имале сознанија за нападот и операцијата и дека би се спротивставиле на убиството доколку биле предупредени.

Американските власти, исто така, ги предупредија своите украински колеги по нападот, верувајќи дека таквата тактика може да ја испровоцира Москва да изврши напади против Украинците, се вели во извештајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.