Американските разузнавачки агенции сметаат дека се уште постои закана од руско „мешање“ во претседателските избори во САД, објавува „Си-Ен-Ен“.

Ваквиот став го изразиле директорот на американската Агенција за национална безбедност, Пол Накасон и шефот на ФБИ, Кристофер Вреј. Според нивното мислење, конфликтот во Украина само ја зајакнува желбата на официјална Москва да влијае на ситуацијата во САД. Тие порачале дека оваа година е „многу важна за Русија“.

Тие ги следат изборите во САД и претпоставувам дека ќе сакаат да влијаат таму, со оглед на ситуацијата во Украина“, изјавил Накасон.

Вреј, пак, смета дека ѕвездите се „порамниле“ за официјална Москва истовремено да се обиде да постигне воен успех во Украина и да се меша во процесите во САД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.