Хеликоптерите „Ми-17“, што претходно беше планирано да ги добие Авганистан, ќе бидат испорачани на Украина, како дел од новиот пакет воена помош, јавија синиќа од Пентагон. 

Тие хеликоптери требаше да ги добие Авганистан. Тие се од нашите резерви и сега ги испраќаме на Украина. Ова не е првпат да им испраќаме хеликоптери „Ми-17“ – изјави портпаролот Џон Кирби, кој додаде дека САД неодамна на Украина веќе испорачале пет „Ми-17“. 

Тој прецизираше дека станува збор за транспорт во Украина на хеликоптери „Ми-17“ извршен од американската воена авијација. 

Претседатеот Џо Бајден претходно во разговор со неговиот украински колега Володомир Зеленски информираше за одлуката на Вашингтон да предаде на Киев воена помош во висина од 800 милиони долари што вклучува хеликоптери, околопни транспортеи и артилерија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.