Американската полиција ја зголеми безбедноста околу еврејската и муслиманската заедница пред најавените глобални пропалестински протести, но во исто време ги повика граѓаните да продолжат со нормалниот живот.
Полицијата во два од најголемите американски градови, Њујорк и Лос Анџелес, ги засилува патролите околу синагогите и еврејските центри, иако властите велат дека не добиле конкретни закани.
-Нема причина за страв. Нема причина луѓето да не продолжат да живеат нормално, изјави гувернерката на државата Њујорк, Кети Хочул на прес-конференција.
Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, рече дека и наредил на полицијата „да распореди дополнителни сили околу училиштата и местата за богослужба за градот да биде мирно место“.
Засилените безбедносни мерки, особено поради стравувањата од можна ескалација на антисемитското и исламофобичното насилство, доаѓаат по нападите на милитантите на Хамас од Појасот Газа врз делови од јужен Израел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.