Ударната група на носачи на американската морнарица е упатена кон источното Средоземно Море, потврди министерот за одбрана Лојд Остин, додека Израел се подготвува за голема кампања против Хамас во Газа.

„USS Gerald R. Ford“, носач на авиони на нуклеарен погон, пловел со италијанската морнарица претходно оваа недела, ставајќи го блиску до Израел.

САД, исто така, преземаат чекори за зајакнување на своето присуство на борбени авиони во регионот, вклучувајќи ги ескадрилите Ф-35, Ф-15, Ф-16 и А-10, јавува „Си-ен-ен“.

USS Gerald R. Ford чини 12,9 милијарди долари. Изградбата на моќниот носач почна во 2007 година, а на неа работеа повеќе од 5.000 луѓе. Може да носи 75 авиони и 4.660 луѓе. Достигнува брзина од 55 км/ч, а од него ќе може да полетува по еден авион на секои шест минути, што теоретски овозможува дури 220 воздушни напади дневно.

Гордоста на американската морнарица е долга повеќе од 330 метри и висока 76 метри. Името го носи по 38-от претседател на САД, Џералд Форд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.